top of page

 

ДВОЈНА ПРИРОДА НА ДРАМСКИ ТЕКСТ

 

 

https://prezi.com/rkhum7qffk_1/presentation/

Што е драма?

Драма е литературна творба во проза или стих наменета за изведба за театарска претстава или филм

Во каква форма се пишуваат драмите?

Во дијалошка форма, односно, ликовите говорат меѓу себе директно, и монолошка форма, односно говор на еден од актерите

„Македонска крвава свадба“

Војдан Чернодрински е македонски деец, роден во селото Селци, Дебарско, во 1875 година, како едно од многуте деца на селскиот кмет. Таткото на Војдан, Ѓорѓи, многу бргу ја забележал љубовта на Војдан кон книгата и затоа подоцна се погрижил да му овозможи подобро школување.

Семејството Чернодрински многу рано било принудено да избега од селото по една случка кога мајката на Војдан за да ја спаси честа на семејството убива еден арнаутин, насилник од тој регион.

Семејството се преселува во Охрид.

Војдан своето средно образование го оформил во солунската гимназија и во Софија. Правни студии учел во Грац и Берн но не ги завршил.

Исто така работел и како учител во Македонија, во селото Могила, Битолско.

Чернодрински напишал повеќе литературни дела меѓу кои и драмата „Македонска крвава свадба“

Каде се одвива дејството во драмскиот извадок?

Дејството се одвива во сарајот на Осман-бег

Кому се обраќа Цвета во монолошкиот дел од извадокот?

На нејзиното семејство мајка, татко и брат, на сонцето и на Господ.

Од кои зборови се гледа очајот на Цвета?

„Ах, тешко мене“

„Ах пусти таксират мој“

„Оф каде сум?“

„Ах, зошто сум се родила?“

Опишете ги карактерните особини на Цвета во втората појава од драмскиот извадок

Непоколеблива, цврста млада жена која држи до својата вера, одлучна, не подлегнува на притисоците на бегот

Како настапува Осман-бег кога и се приближува на Цвета?

И зборува колку добро ќе и биде ако прифати да му стане жена, да се потурчи и да остане на чифликот

Каква е реакцијата на Цвета?

Цвета не попушта пред притисоците на Осман-бег, не прифаќа да му стане жена и да се потурчи

Истакнете ги монолозите и дијалозите во извадокот

Монологот е на Цвета во првиот извадок, а дијалогот е на Осман-бег и Цвета во вториот извадок

Каде се одвива развојната линија на драмското дејство?

Во вториот дијалошки извадок

Војдан Поп Георгиев Чернодрински

Двојна природа на драмски текст

План:

1. Локализација: На чифликот на Осман-бег.

2. Тема: Осман-бег ја убедува Цвета да се потурчи

3. Идеја: Цвета ќе умре, ама нема да ја смени верата

4. Двојна природа на драмскиот текст: Се чита како литературна творба и е основа за театарска претстава

Начински зависносложени реченици

https://www.youtube.com/watch?v=nYjW138LFac&feature=youtu.be

Домашната задача ви е на крај на презентацијата(испратете ја по емаил најдоцна до петок )

„ЛЕНЧЕ КУМАНОВЧЕ„/„БЕГАЛКА„

Композиција на драмско дејство

Службена комуникација

http://www.matura.gov.mk/data_files/state_graduate/mk/5658_Prakticno.pdf

За домашна работа изберете еден вид на текст(молба,жалба,извештај итн)и испратете на емаил најдоцна до петок!!!!

Повторување за драма:

ТЕОРИЈА НА ЛИТЕРАТУРАТА

ДРАМА

Еден од трите литературни рода е драма.
Како литературен род, драмата понатаму се дели на драмски видови.

Драмата е претставувачка уметност. Претставувањето на ликовите и настаните е преку дијалошка форма. Драмите можат да бидат во проза, во стих и комбинирани во проза и стих.


Театарот е тесно поврзан со драмата, бидејќи таа е предвидена да се изведува пред публика. Драмскиот текст, може да го читаме, но може и да го гледаме изведен на сцената.
Драмата е поблиска до епиката, бидејќи има настани (фабула), може да ја раскажеме, има ликови, тема, идеја, мотиви итн.
Во драмата има и наратор кој е невидлив. Особено е невидлив во сценските изведби, додека при читањето може да го забележиме на почетокот, кога ни се претставени ликовите и нивните особини во афишата или во дидаскалиите (забелешките напишани во заградите). Сепак, драмата се разликува од епиката, особено по дијалошката форма, но и другите специфики што ги носи.

Белези на драмата



Дијалогот е основниот белег на драмата. Дијалогот е разговор меѓу два или повеќе лика во текот на драмското дејство.

Драмското дејство, пак, е клучниот елемент во драмата под кој ги подразбираме постапките на ликовите.

Ликовите може да зборуваат сами со себе, или да и се обраќаат на публиката. Ваквиот говор на еден лик се нарекува монолог. Постојот и цели драми со еден единствен лик, кој е носител на драмското дејство и претставувач на настаните. Тие драми се викаат монодрами.

Специфичности на драмата се просторот и времето. Кажавме дека драмата може да се чита, но може и да се гледа изведена на сцена. Еден конкретен простор и време се претставени во самата драма.
На пример, во драмата „Бегалка“ од Васил Иљоски е претставено Куманово на почетокот од дваесеттиот век. Тоа се просторот и времето на самата драма. Но, кога се изведува на сцена, на пример во Драмскиот театар во Скопје, во дваесет и првиот век, имаме поинакво време и простор. Односно тогаш, времето на драмата, претставена со костумите и други елементи, се испреплетува со времето на случувањето на претставата – сега. Гледачот е свесен и за сегашниот момент, но и за времето претставено во драмата. Додека ја гледа претставата тој има впечаток дека драмското дејство се случува сега (иако тоа дејство може да биде од најдалечното минато или од иднината). Според ова, разликуваме простор и време кои се прикажани со драмското дејство и простор и време на театарската претстава.

Други специфични елементи од драмата, кои може, а и не мора да ги содржи се:

Афиша (театарска листа) се наоѓа на почетокот од драмата и во неа се даваат неопходните податоци за ликовите (возраста, семејните релации, изгледот, облеката итн.), за времето и местото на случување (слично на прологот); но може да има информации и за: режисерот, актерите, сценографот, костимографот и сл.

Прологот се јавува на почетокот од драмата и ја информира публиката (читателите) за времето и просторот каде ќе се одвива драмското дејство.

Драмата е составена од чинови. Во минатото имало строги правила за чиновите, односно драмата морала да има пет чина, што за современата драма не важи. Денес, среќаваме драми од само еден чин (едночинки) или без чинови (само со слики).

Чинот е заокружена целина на драмата. Тој се дели на:

Слика, која е краток временски дел каде се заокружува едно дејство на ликовите, и

Сцена, која е заокружена целина, дел од сликата, и која завршува со влегување на нови ликови во драмското дејство.

Дидаскалии (ремарки, забелешки) се упатства кои ги дава нараторот во загради, а се наменети за читателите, актерите и режисерот. Во нив има податоци за времето, сцената, местото, костумите, движењето итн.

Епилогот се јавува на крајот од драмата и во него се кажува што се случува натаму со ликовите или се искажува пораката на авторот.

 

 

 

КОМПЗИЦИЈА НА ДРАМСКО ДЕЛО

Композиција на драмата

 

Композицијата на драмата е сложена структура. Драмското дејство се одвива во пет основни композициски етапи (обично во пет чина):

1. Експозицијата е вовед во драмското дејство и запознавање со ликовите. Тука се дава почетното дејство кое има цел да го заинтересира читателот (гледачот).
2. Заплетот е развивање на судирот, конфликтот меѓу ликовите.
3. Кулминацијата е врвот на конфликтот и оттука започнува неговото разрешување.
4. Перипетијата е првиот чекор кон разјаснувањето и разрешувањето на конфликтот. Тука се случува пресврт на настаните, односно се случува нешто непредвидено за да се разјасни конфликтот.
5. Расплетот е последната етапа на драмското дејство. Тука се разрешува конфликтот.
Конфликтот, како што кажува самиот збор, претставува судир. Судирот во драмата најчесто се случува меѓу два лика кои имаат различни ставови, кои потекнуваат од различни социјални средини, политички партии итн. Но, конфликтот може да биде и во внатрешноста на еден лик.

 

*ВО УЧЕБНИЦИТЕ НА СТРАНА 97 ИМАТЕ ШЕМА ЗА ПОСЛИКОВИТО ОБЈАСНУВАЊЕ.

ДОМАШНА ЗАДАЧА ДА ГИ ОПРЕДЕЛИТЕ  ЕТАПИТЕ НА ДРАМСКОТО ДЕЈСТВО ВО ДРАМАТА БЕГАЛКА ОБЈАСНУВАЈЌИ ГИ СО НЕКОЛКУ РЕЧЕНИЦИ!!!!

НА ЛИНКОТ ПОДОЛУ МОЖЕТЕ ДА ЈА ПРОЧИТАТЕ ЦЕЛАТА ДРАМА.

 ОДНОСНИ (РЕЛАТИВНИ ) ЗАВИСНО СЛОЖЕНИ РЕЧЕНИЦИ

Oдносни (релативни) зависно сложени реченици

  1. 1.   ОДНОСНИ ( РЕЛАТИВНИ ) ЗАВИСНО СЛОЖЕНИ РЕЧЕНИЦИ О Д Д Е Л Е Н И Е : 9 

  2. 2. Потсетување за проста и сложена реченица : а) Пред многу, многу години на дното од морето немало ѕвезди. Но , на небото имало многу. Многу повеќе отколку што ги има денес. б) Сите тие се натпреварувале која појасно ќе свети . Тие повеќе сакале да бидат корисни отколку да безделничат. Сакам да патувам , и рекла помалата еден ден на својата постара и искусна сестричка.

  3. 3. Тие победија на квизот, што беше вистинско изненадување . главна реченица зависна реченица Го видов човекот којшто вчера ме исплаши. главна реченица зависна реченица Односните зависно сложени речници се однесуваат на дејството во главната реченица (првиот пример) или на еден член од главната реченица (вториот пример).

  4. 4. Го зедов железото што висеше на ѕидот. Еве го човекот којшто пееше убаво. Ме воодушеви сликата, чиј автор е непознат. Ајше бараше такви чевли какви што се на другарка и. Посакуваше место каде што би бил осамен .

  5. 5. Основни карактеристики на односните реченици се сврзничките средства: Односни заменки : што, кој, којшто, чиј, чијшто; Односни заменски придавки : каков што, колкав што; Односни заменки прилози : каде што, кога, како што, колку што.

  6. 6. Запиркатат редовно се употребува кога прва е зависната дел-реченица ( Кој и да го прашаше ,одговараше секому. ) Ако врската меѓу главната и зависната реченица е тесна , запирката не се пишува. ( Одговараше кусо како што се договорија. ) Кога зависната односна речница дава дополнување на главната реченица , се пишува запирка. ( Секојдневно пишуваше нешто , што и беше нејзина навика . ) ИНТЕРПУНКЦИЈА

  7. 7. Вчера купив една книга. Книгата беше скапа. главна Книгата што ја купив вчера беше скапа. Зависна 1. Купив слика. Таа слика најмногу ми се допадна. 2. Учениците бегаат од часови. Учениците добиваат укор од директорот. 3. Филмот се прикажа последен на програмата. Филмот ја доби првата награда.

  8. 8. а) Кој се труди , постигнува успеси. ( трудбеникот ) подмет б) Еленот имаше рогови што личеа на гранки. ( ГРАНЕСТИ ) АТРИБУТ в) Вчера долго време го чекав човекот што е началник на градот. ( ГРАДОНАЧАЛНИК ) 

  9. 9. • Подвлечи ги зависните односни реченици во следниве сложени реченици : - Поштарот ми го донесе писмото што го испратил татко ми. - Посебно ме зарадуваа поздравите што ми ги испрати мајка ми. • Потцртај ги сврзувачките средства во следниве примери и определи од кој вид се односните реченици ; потцртај ја главната и зависната дел реченица. • Марко секогаш џвака мастика на час , што не им се допаѓа на наставниците. • Оној што знае да ги скрие своите слабости заслужува внимание. • Кој последен се смее , најслатко се смее. • Женаму го погледна вчудовидено и налутено , како што очекуваше. • Имаме таква пејачка што има врвни гласовни квалитети

  10. 10. За дома: да се изработи вежбата на страна 139

(Домашните задачи задолжително да се пишуваат и да се испратат на мојата емаил адреса elizabetaarsoska8@gmail.com)

Домашните задачи можете да ги пишувате во вашите тетратки или во ворд документ по избор но задолжително да ги испраќате во определениот рок.Рокот за оваа домашна задача е 29.03.2020 год.

Ученици кои доставиле домашна задача:

  1. Димитар Настески

  2. Мојсеј Зафироски

  3. Емилија Кировска

  4. Андреј Станојоски

  5. Нина Богоеска

  6. Васко Лазески

  7. Петар Танески

  8. Стефани Крстеска

  9. Мартина Петреска

  10. Марија Стаменкоска

  11. Лука Радески

  12. Александар Новески

  13. Анастасија Мицкоска

  14. Филип Тошев

  15. Јана Николоска

„Мерак по книгата„-Марко Цепенков

 

https://prezi.com/s2b4wi_l7anp/presentation/

За домашна работа имате да направите анализа на текстот и да ми го испратите на емаил до понеделник.

Видови речници

Речник е публикација во која е собран,среден по азбучен ред фонд на зборови на еден јазик .

Според намената постојат повеќе видови на речници:

1.Речник во кој ес толкуваат зборовите на еден јазик(толковен речник)

На пр: -Речник на македонскиот јазик

2.Двојазичен речник во кој се објаснуваат зборовите на еден јазик на јазикот за чија популација е наменет.

3.Повеќе видови речници според областа на која се однесуваат :медицински,историски географски,итн.

4.Линкови : https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A0%D0%B5%D1%87%D0%BD%D0%B8%D0%BA

Материјали за тестот

Се она што е објавено на страницата на наставникот и материјалот кој се наоѓа на следниот линк:

http://eduino.gov.mk/wp-content/uploads/2020/03/lang_9_mk.pdf

bottom of page