линк за писмената работа
https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSeB8dllAWtvn_HhsXKVkEJIw84QENDnN4Kwqc2B1kUQf9xhAQ/viewform
.,,Мерак по книгата“;од Автобиографијата на Марко Цепенков„
https://prezi.com/s2b4wi_l7anp/presentation/
Роден е во Прилеп во сиромашно семејство, кое води потекло од прилепското село Ореовец. Заради тешката материјална состојба, основно образование учел само една година, а потоа продолжил да го учи терзискиот занает. Во периодот 1856-1857 почнал да собира народни умотворби, поттикнат од, како што самиот вели, Димитар Миладинов.
Работел седум месеци во Народното собрание на Бугарија по статистиката на народното население, подоцна работи и во финансискиот оддел, по што е администартор во печатницата на браќата поп Спиркови. Тој дал голем придонес на македонскиот народ.. Покрај тоа, придонесот на Цепенков во македонската литература е голема важност, како и за развојот на македонската фолклористика, етнографија и култура.
Изнемоштен, напуштен, заборавен, во крајна беда, Марко Цепенков умрел на 29 декември 1920 година во Софија, кадешто е и погребан.
Целокупната оставина на Марко Цепенков се чува во Архивниот институт на Бугарската академија на науките во Софија. Во современа Македонија, делата на Марко Цепенков за прв пат биле реиздадени во 1954 година од Блаже Конески во „Сказни и сторенија“. Во 1957 творештвото на Цепенков биле прекажано во вид на филм од Кирил Пенушлиски, кој една година подоцна започнало со неговото издавање. Во 1972 година било објавено целокупното дело на Цепенков на македонски јазик.
Од сите собирачи на македонското народно творештво, Марко Цепенков има временски најдолга запишувачка практика - повеќе од 40 години собирал народни умотворби. Освен тоа, за разлика од другите најистакнати собирачи на македонските народни умотворби - браќата Миладиновци, Кузман Шапкарев, Стефан Верковиќ, кои во својот фонд собрани фолклорни материјали имаат и такви што ги добиле од други запишувачи, Марко Цепенков лично самиот ги запишал своите фолклорни и етнолошки материјали. И по вкупниот фонд на собраните народни умотворби, како и по жанровската разновидност на собраните фолклорни материјали, Марко Цепенков е најзначајниот собирач на македонските народни умотворби .
Во вкупниот број на публикувани и непубликувани негови дела можат да се набројат повеќе од 5500 пословици и поговорки, 800 приказни, 150 песни, 100 гатанки, 400 верувања и клетви, 300 благослови, 350 баења, 2900 соништа и нивни толкувања, 70 детски игри, јазичен и етнолошки материјал (речник, тајни јазици, описи на занаети, обичаи, обреди, реквизити од домашниот материјален живот и народната аргономија и сл.). Во финалната песна од својата автобиографија, Цепенков вели дека ги напишал, за да остави вечен спомен на својот мил „бугарски“ народ.
Своите запишани фолклорни и етнолошки материјали Марко Цепенков ги собрал претежно од Прилеп и неговата околина, но и од Битолско, Скопско, Штипско, Велешко и Дебарско. Соодветно на обемниот фонд собрани народни умотворби, голем е и бројот на интерпретаторите од кои Цепенков ги слушал и запишувал своите фолклорни материјали.
Автор е на драмското дело „Црне Војвода“, а неговата автобиографија претставува богат извор за проучување на целокупниот живот во Прилеп.
(Направете само план во училишните тетратки,домашна задача немате за оваа наставна единица)
,Саканиот учител“-Григор Прличев;Автобиографија
(прочитајте го текстот од учебникот)
Потоа прочитајте го следново:
„Автобиографија“ Григор Прличев
„Автобиографија“ – Григор Прличев
Кратка биографија:
Григор Прличев е роден јануари 1830 – 31 г. во Охрид, во сиромашно, но трудољубиво големо семејство на Ставре Прличев и Марија Ѓокова. Уште не дополнил 6 месеци, а веќе останал сираче – починал неговиот татко. Останале само неговиот дедо, висок, белобрад и лесен земјоделец и неговата мајка која почнала да работи по куќите како слугинка за да може да го прехрани своето многучлено семејство. Ваквата тешка положба кај него ќе побуди потреба и должност таа мака да ја преточи во дело, како за себе напишано, а сета македонска мака е олицетворена т.е. својата автобиографија.
Се додека Димитрија Миладинов не го посетил Охрид (1848 г.), Прличев учел кај месни учители грчки јазик, кои не ни биле вистински педагози и предавачи. Тие биле шијачи кои Прличев не можел да ги поднесува затоа често изостанувал од училиште. Му помага на „таткото“ на македонската преродба, Димитрија, за подоцна и тој самиот извесен период да предава во Тирана (Албанија).
Во 1849 г. се запишува како студент по медицина на Атинскиот универзитет, иако никогаш не пројавувал поголема заинтересираност кон медицинската наука. Затоа продолжува да учителствува во село Белица, Струшко (две години), па потоа во Битола, Прилеп за на крај да остане 6 години учител во родниот Охрид. Во 1859 г. се враќа на студии во Атина каде го започнува делото „Сердарот“, со намера да учествува на големиот атински поетски конкурс. Следната година (1860) токму тој е победникот на конкурсот и освојува Лавров венец и 1000 драхми со можност за студирање во Оксфорд или Берлин. Но ненадејната вест за смртта на браќата Миладиновци ќе го вознемири Прличев и силно ќе го ориентира да се насочи кон грчките фанариоти за да ја одмазди неправедната смрт на своите патрони.
Се враќа во Охрид каде со сите сили се обидува да го вметне словенскиот разбирлив јазик во училиштата и црквите. Затоа стекнува голем број на непријатели на свој грб, а меѓу нив и погрчениот владика Мелетиј, одговорен за смртта на Миладиновци. Ќе биде затворен (1868 г.) во дебарскиот затвор, поради клевети од истиот владика. Но по една година Мелетиј е тргнат од власта, а Прличев е пуштен на слобода.
Во 1871 г. го објавува препевот на Хомеровата „Илијада“ на општословенски јазик – есперанто со кој Прличев се занесувал дека може да ги обедини сите словенски народи во една средина. Но, секако таа замисла била тешко остварлива во тогашни општествено-културни положби. Затоа е исмејуван од многу бугарски дејци меѓу кои и Христо Ботев, што ќе го разгневи Прличев и тој ќе се врати на учителската дејност во Битола најпрво, па потоа во Солун. Во периодот на вршење на оваа дејност (1883-1890) започува да ја пишува својата „Автобиографија“, која ќе биде објавена по неговата смрт во Софија. Умира на 6 февруари 1893 во Охрид. Погрбан е во дворот на црквата „Св.Климент“.
Содржина:
Во почетокот на делото авторот најпрво не запознава со своето семејство, неговите браќа и сестри, неговата мајка и дедо, и преку тешката економска положба ни дава една издржна сеопшта слика за положбата во која се наоѓал сиот македонски народ на почетокот од XIX век. Понатаму ни ги предава сликите од школувањето на охридските деца кои учеле на неразбирлив грчки јазик. Ни ги доловува сликите од денот кога за прв пат неговиот дедо го внел меѓу училишните клупи. Тој благороден старец ќе го научи да чита и да ја сака книгата. Неговите учители, незаинтересирани педагози не го инспирирале Прличев да го учи грчкиот јазик најпрво па затоа наоѓал поинтересни работи од одењето во училиште: продавал црници, јајца, препишувал ракописи итн. Уште во детските невини години тој ќе ја почустува на свои плеќи маката на македонскиот народ. Тешката социјална положба кај него ќе побудат револт и страст да го одбрани правото на македонскиот народ на подобра егзистенција во рамките на својата држава.
Исто така не заборавил да и се оддолжи насвојата благорадна мајка. Со многу топлина и почит ни го претставил денот кога ја видел како тешкиот мокар тепих „што и маска со мака би го носела“, го носи на плеќи, знаејќи дека моралната обврска да го издржи семејството ја натерало да работи по туќи куќи. Ликот на неговата мајка го искористил како основа за да ја наслика Неда, мајката на Кузман Капидан, од неговото најпознато дело, „Сердарот“.
Понатаму пишува за Димитар (Митре) Миладинов, за кој вели „речта му течеше од уста како мед“. Навистина покажал огромна почит кон големиот македонски деец, со кој имал прилика малку да учителствува.
Поважен аспект од неговиот живот е престојот во Атина откако се запишал на Атинскиот универзитет на насока медицина. Но, бидејќи не покажувал некоја особена желба кон таа нему туѓа наука, пишувал стихови. За време на престојот во Атина имал прилика да види како царот Отон го овенчува поетот Залакоста со Лавров венец како најголем грчки поет. Уште тогаш сонувал за тоа како тој би се наоѓал на местото на Залакоста иако 10 години подоцна неговиот сон ќе се оствари.
Сиромаштијата ќе го натера да се врати во Македонија, во Белица каде ќе биде учител, а потоа во Прилеп и Охрид. По 7 години се враќа во Атина. Започнал со пишувањето на „О Арматолос“ (Сердарот) една година пред почетокот на големиот поетски конкурс.
Токму тој ќе победи на овој конкурс (1860 г.), тој, за кого во преполната сала немало ни место да седне, а поетот Рангавис ќе му ја додели наградата и пред сите ќе биде наречен Втор Хомер за неговите исклучителни лирски способности. Но неговата радост кратко траела. Откако дознава за смртта на браќата Миладиновци, сфаќа дека дошло времето да ја преземе работата во свои раце и да го одмазди нивното дело. Се враќа во Охрид каде се залага за воведување на словенскиот јазик во училиштата и богослужбата во црквите. Но овие храбри акции ќе наидат на неодобрување на погрчениот Албанец, тогашен владика Мелетиј кој ќе го наклевети на турските власти и Прличев ќе биде изведен пред своите сограѓани пред уќуматот (турска управна админастративна област). Неговата мајка ќе се најде на тој настан и постојано ќе го храбри својот син да не се плаши, да верува во себе и храбро да издржи.
Прличев е одведен во дебрскиот затвор, каде е затворен во нечовечки услови. Тешка смрдеа се ширела низ ќелиите, го делел каменото легло со свирепи осуденици и убијци, но затоа неговите маки се исплатиле! Мелетиј е искаран од Охрид! Прличев кратко и концизно не информира за оваа победа над грчките фанариоти и влијанија врз македонскот население. Прличев се ослободува, ужива во можноста да го шири словенското писмо меѓу својот народ, но набрзо новопоставениот владика, Натанаил Кучевишки, за кого и напишал песна „Пастир наш Натанаил“, ќе се покаже уште посвиреп од својот претходник. Силум, од турски жандарми ќе биде одведен во Софија, пред очите на своите ученици. Таму му ветувале секакви награди само да се зафати да пишува и преведува на бугарски бидејќи одлично го владеал и тој јазик. Но разочарувањето на кое ќе наиде од неговиот препев на „Илијада“ на оној јазик за кој тој сонувал но немал јасна визија, општословенскиот, ќе го натераат пак да се врати на учителската дејност, најпрво во Битола, потоа кратко во Охрид и на крај во Солун каде го пишува ова дело.
Значењето на „Автобиографијата“:
Ова дело претставува моќен историски информатор и пишан сведок за социјалната, умствената, економската состојба на Македонците во векот на будење на националните интереси. Изобилува со издржни описи на ликови кои во тој момент живееле во средината во која живеел авторот. Неговата мајка, дедо, разни поети, експлоататори, подржувачи и пакосници се откриени на страниците од делово. Дело кое секако доколку не било напишано, се разбира важен дел од нашата долга историја би останал затскриен или изобличен во книгите на македонските непријатели, кои во голем број живееле тогаш.
https://soundcloud.com/nssrm/sets/ncihxlxi2ei8
(Афтобиографијата на Григор Прличев,аудио презентација)
Имате 10 видеа ислушајте ги сите!!!!!
За домашна работа имате да напишете ваша афтобиографија (3-4 страни од тетратките)Домашната треба да ја напишете во ворд документ со македонска поддршка и да ја исптатите на мојот емаил elizabetaarsoska8@gmail.com најдоцна до петок 03.04.2020
НАСТАВНА ЕДИНИЦА
СОСТАВНИ НЕЗАВИСНОСЛОЖЕНИ РЕЧЕНИЦИ
Домашните задачи да се испратат на емаил elizabetaarsoska8@gmail.com најдоцна до понеделник 30.03.2020
УЧЕНИЦИ КОИ ДОСТАВИЛЕ ДОМАШНИ ЗАДАЧИ
Осмо 1
-
Арта Абдиу
-
Марија Петровска
-
Тамара Трпеска
-
Костадин Илијоски
-
Филип Анѓелеск
Осмо 2
-
Ивона Димоска
-
Стојаноска Марија
-
Барбара Петреска
-
Лилијана Ѓореска
-
Михаела Маркоска
-
Саше Ѓорески
-
Александра Стефаноска
-
Марио Анаќиоски
-
Јован Крстески
-
Горјан Јосифоски
-
Арсоска Елена
-
Сајкоски Боби
-
Давор Стојкоски
-
Јана Матеска
Осмо 3
-
Бојана Штерјоска
-
Сандра Ристеска
-
Андреј Спироски
-
Мите Иваноски
-
Михаела Цветкоска
-
Антонио Дејаноски
-
Тришоска Марија
-
Кристина Трајкоска
-
Мартина Трајкоска
Осмо 4
-
Христина Секулоска
-
Марија Лена Адамс
-
Софи Ристеска
-
Филип Алексоски
-
Сања Лазеска
-
Никола Милошески
„Плоча на животот„-Ташко Георгиевски
-поим за дневник
-
Прва задача ви е да го прочитате текстот од учебникот и да направите план откако ќе го прочитате и ова што ви го објавив на страната
Дневник е запис (првично во рачно напишан формат) со дискретни записи уредени со Календарски датум, известување за тоа што се случило во текот на еден ден или друг период. Личен дневник може да вклучува искуства на лицето или мисли или чувства, вклучувајќи и коментари за тековните настани надвор од директното искуство на писателот. Зборот "дневник" доаѓа од латинскиот "дијаријар" ("дневен додаток" од еден "ден").
Денес терминот обично се употребува за лични дневници, кои обично се наменети да останат приватни или да имаат ограничен промет меѓу пријателите или роднините. Зборот "списание" понекогаш може да се користи за "дневник", но генерално дневник има дневни записи, додека запишувањето во дневникот може да биде поретко.
Иако дневник може да обезбеди информации за мемоар, автобиографија или биографија, генерално не е напишан со намера да се објави како што стои, туку само за авторот.
Еден од најпознатите современи дневни весници, широко прочитан и преведен, е постхумно објавен "Дневникот на млада девојка" од Ана Франк, кој го напишал додека се криел за време на германската окупација на Амстердам во 1940-тите. Отто Франк го уредувал дневникот на неговата ќерка и се организирал за неговото објавување по војната
Ана Франк е симбол на борбата против нацизмот и борбата против нечовештвото во секоја форма. Таа пишувала за животот, љубовта и добротата собирајќи ги своите мисли во нејзиниот дневник и го задржала позитивниот и оптимистички дух дури и во најтешките моменти. Зборовите на храброто 14-годишно девојче ги памтиме до ден денес, а како што поминува времето тие стануваат сѐ посилни и помудри. Зборови против кои секое зло ја губи битката. Следуваат дел од најинспиративните цитати на Ана Франк.
-
„Само едно правило треба да запаметиш: Смеј се за сѐ и заборави ги другите! Звучи егоистично, но тоа е всушност единствениот лек против самосожалувањето.“
-
„Луѓето можат да ти речат да замолчиш, но тоа не те спречува да имаш свое мислење.“
-
„Погледни како една свеќа може истовремено и да ја дефинира и да ѝ се спротивставува на темнината.“
-
„Спомените ми значат повеќе од фустаните.“
-
„Големината на човекот не лежи во богатството и моќта, туку во карактерот и добротата. Луѓето се само луѓе и сите луѓе имаат маани и недостатоци, но сите се раѓаме добри.“
-
„Но, чувствата не можат да се игнорираат, без разлика колку неправедно или неблагодарно изгледаат.“
-
„Сфатив дека убавината секогаш постои некаде – во природата, сончевите зраци, слободата, во самите себе. Сѐ тоа може да ти помогне.“
-
„На долг рок, најострото оружје од сите е добрата и нежна душа.“
-
„Тивката совест го прави човекот силен!“
-
„Таму каде што постои надежта, постои и животот. Таа нè полни со свежа храброст и повторно нè прави силни.“
-
„Сите живееме со желба да бидеме среќни. Нашите животи се различни, а сепак исти.“
-
„Можеш да бидеш осамена дури и кога многу луѓе те сакаат, ако никому не си една и единствена.“
-
„Момците ќе бидат момци. Но, дури ни тоа не би било важно кога би ги спречиле девојките да бидат девојки.“
-
„Длабоко во себе, младите се поосамени од старите.“
-
„Сакам да пишувам, но уште повеќе сакам да го изнесам сето она што лежи длабоко во моето срце.“
-
„Бидејќи хартијата има повеќе трпение од луѓето.“
-
„Зошто некои луѓе мора да гладуваат, додека во другите делови од светот постои вишок? Ах, зошто се сите луѓе толку луди?“
-
„Никој не станал сиромав давајќи.“
-
„Не сакам залудно да живеам, како повеќето од луѓето. Сакам да бидам корисна и да донесам задоволство до сите луѓе, дури и до оние кои никогаш не сум ги запознала. Сака да продолжам да живеам и после смртта!“
За домашна задача водете дневник од денес до среда.До следниот петок испратете ми ги на емаил.
СПРОТИВНИ НЕЗАВИСНОСЛОЖЕНИ РЕЧЕНИЦИ
Се што треба да знаете
Спротивни независносложени реченици
-
1. Спротивни независносложени реченици
-
2. Веќе научивме дека во македонскиот јазик има пет вида на независносложени реченици : Исклучни независносложени реченици Спротивни независносложени реченици Составни независносложени реченици Заклучни независносложени реченици Разделни независносложени реченици
-
3. Да ги разгледаме следниви реченици : 1. Денес ќе одам кај неа, а утре кај тебе. 2. Од секого бара по нешто, ама никому не дава. 3. Таа сака да шие , но не знае да бодне со игла. 4. Посакуваше компјутер за роденден , меѓутоа желбата не му се исполни. 5. Баба Мулон го скара, ами му се налути на него. Каков е односот на дел- речениците во сложените реченици?
-
4. Спротивните независносложени реченици изразуваат спротивен однос меѓу содржините во дел - речениците
-
5. Кои се сврзниците во спротивните независносложени реченици? 1. Денес ќе одам кај неа, а утре кај тебе. 2. Од секого бара по нешто, ама никому не дава. 3. Таа сака да шие , но не знае да бодне со игла. 4. Посакуваше компјутер за роденден , меѓутоа желбата не му се исполни. 5. Баба Мулон го скара, ами му се налути на него. Сврзници се :а, ама ,но, меѓутоа, ами
-
6. Што забележувате во однос на интерпукцијата на дел- речениците ? 1. Денес ќе одам кај неа, а утре кај тебе. 2. Од секого бара по нешто, ама никому не дава. 3. Таа сака да шие, но не знае да бодне со игла. 4. Посакуваше компјутер за роденден, меѓутоа желбата не му се исполни. 5. Баба Мулон го скара, ами му се налути на него. Пред сите сврзници за спротивните независносложени реченици се пишува запирка
-
7. Во парови подвлечете ги спротивните независносложени реченици во следниот текст : Драга Бети, Многу ти се извинуваме ,но пробај да не разбереш.Ние навистина неможеме да дојдеме за твојата дипломска во Белград.Веруваме во тебе и знаеме дека ќе успееш,туку што ќе правиме со твојот брат.Тој не сака да учи и времето се повеќе и повеќе го поминува пред компјутер.Книгите не сака да ги погледне, ама дедо е тука и постојано го прекорува.Драган вели дека ќе биде фудбалска ѕвезда не му е потребна наука. Знаеш Драган си е Драган, меѓутоа еден ден ќе се кае.Среќно на дипломската. Те сака , Ели.
-
8. Составете по една спротивна независносложена реченица за секој од сврзниците : а но меѓутоа ама туку ами
-
9. ВИ ЧЕСТИТАМ НА ЗНАЕЊЕТО !!
Домашна работа Применете ги знаењата (страна 45) –сите вежби(Домашните задачи задолжително да се пишуваат и да се испратат на мојата емаил адреса elizabetaarsoska8@gmail.comДомашните задачи можете да ги пишувате во вашите тетратки или во ворд документ по избор но задолжително да ги испраќате во определениот рок.Рокот за оваа домашна задача е 29.03.2020 год.
Сложената реченица е синтаксичка единица која содржи најмалку два прирока. Одделните реченици во рамките на сложената реченица се викаат дел-реченици.
Дел-речениците можат да бидат во независен однос или едната да зависи од другата, па затоа разликуваме: независносложени и зависносложени реченици.
Сложените реченици најлесно се распознаваат според сврзниците и сврзувачките зборови.
A. НЕЗАВИСНОСЛОЖЕНИ РЕЧЕНИЦИ
1. Составни реченици
Сврзници: И; НИ; НИТУ; ПА; ТА; НЕ САМО ШТО – ТУКУ И
Составните реченици најчесто соопштуваат напоредни дејствија, онакви што се одвиваат во исто време, а дел-речениците се одделуваат со запирка и сврзникот И :
Пр.: Седам, слушам и го запишувам најважното.
Дејствијата во речениците може да се одвиваат и едно по друго, да произлегуваат едно од друго, да имаат спротивен однос, но ако се сврзани со наведените сврзници – тие се составни:
Пр.:
Ќе поседам малку, па ќе си одам.
Не бев на забавата и (затоа) не знам што се случило.
Не ми се одеше на забавата и (пак) отидов.
Не само што ќе одам на забавата туку и ќе останам до сабајле.
* Според правописот, составните реченици со сврзниците и, ни, ниту, и со составот не само што – туку и, не се одделуваат со запирка. Исклучок е кога сврзникот и воведува заклучок (Не знаев ништо, и професорот ми стави единица.).
Пред сврзниците па и та обично се пишува запирка.
РАЗДЕЛНИ-ДИСЈУНКТИВНИ НЕЗАВИСНОСЛОЖЕНИ РЕЧЕНИЦИ
https://www.youtube.com/watch?v=LvgDiNYNBSc
ЛЕКСИКАТА СПОРЕД ПОТЕКЛОТО
Лексиката според потеклото може да биде:
1. Домашна, изворна (своја) – зборови кои исконски постојат во нашиот јазик и потекнуваат од прасловенскиот, старословенскиот, црковнословенскиот, па преку народниот навлегле во литературниот јазик. Овие зборови ја сочинуваат основата на јазикот и се во најголем број.
На пр.:мајка, татко…,еден, два…, гора, планина, река, езеро…, рака, нога…
2. Странска (туѓа) – овие зборови навлегуваат или директно од странскиот јазик или посредно (преку трет јазик).
а) Интернационализми – зборови што се употребуваат во многу светски јазици, а по потекло се од латинскиот или старогрчкиот јазик. Овие зборови се приспособуваат кон соодветниот јазик и со тек на време не ги чувствуваме како туѓи (актуелен, квалитет, факултет, факт, литература). Овие зборови не треба да ги користиме прекумерно, туку само кога е неопходно потребно.
б) Турцизми – во нашиот јазик ги има над 3000. Некои од нив отпаднале, некои ги чувствуваме како архаизми, а некои се уште активно ги употребуваме (алва, баклава, кадаиф, ќебапче, кибрит, килим, шеќер, сарма, боза…). Дел од турцизмите ги употребуваме заради стилска обоеност на изразот: муабет, марифет, табиет, адет…
в) Варваризми – се употребуваат во уметничката литература заради оживување на месниот колорит и создавање посебна атмосфера (може да бидат и цели дијалози на друг јазик и да се пишуваат во оригинал).
Тука спаѓаат и зборови кои секојдневно се употребуваат иако нема вистинска потреба, бидејќи во нашиот јазик имаме соодветни зборови. Тие се имитација на туѓите зборови и по форма и по изговор : бејби, хај, јес, певаљка, рачуна.
Презентации https://prezi.com/gtgirfbtjs7l/presentation/
https://www.youtube.com/watch?v=jFX3d0sp2CQ
За домашна работа сработете ги следните вежби и до понеделник испратете ми ја на емаил.
Вежби
1. За следните туѓи (интернационални) зборови пронајди соодветни синонимски замени со зборови од нашиот јазик:
аверзија, адекватно, активно, иницира, креира, преферира, пролонгира.
2. Пронајди ги турцизмите во следните реченици:
Шетајќи со мајка ми по чаршијата во еден излог здогледав кондури баш какви што барав. Нејзе ептен не и се бендисаа. Ми го расипа ќеифот и не ги купив.
3. Какви се туѓите зборови во следниот извадок од расказот „Селанката од Копачка“ од Владо Малески и со каква цел се употребени?
– Аванти, порка мизерија, комунисто! – завиваа двајца карабинери. А тој не сакаше да верува и затоа шепотеше: „Понезадутре!“